
Две лица загинале, а седуммина се повредени кога воз излетал од шините на француските Алпи.
Патничкиот воз, што сообраќал на релација Ница – Дињ-ле-Бена, наишол на карпа поради што еден вагон излетал.
На местото на несреќата се наоѓаатт спасувачки служби и хелокоптер, како и три лекарски екипи кои им помагаат на повредените. Еден од повредените е во тешка состојба, пренесуваат француските медиуми.