Груевски: ВМРО-ДПМНЕ веќе кажа дека кандидатот за претседател на државата ќе бира преку конвенција

ВМРО-ДПМНЕ веќе објави дека  кандидатот за претстојните претседателски избори во Република Македонија ќе го бира на вообичаениот начин преку конвенција, вели премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање во врска со идејата за консензуален кандидат за претседател на претстојните избори.

„Преку институцијата Конвенција партијата ВМРО-ДПМНЕ го бира својот кандидат за претседател на државата од созадавањето на независноста на Македонија до сега. Со конвенцијата се дава можност на огромниот број делегати со тајно гласање да го изразат ставот на членството на ВМРО-ДПМНЕ во однос на тоа кој треба да биде кандидатот за претседател на Република Македонија“, прецизира премиерот Груевски.