
Македонскиот ракометен вицешампион Металург, претрпе пораз во 8. коло од Лигата на шампионите. Избраниците на тренерот Лино Червар минимално се поразени на гостувањето кај францускиот Пари Сен Жермен со 32:29
Металург лошо го почна натпреварот и му дозволи на доаќинот да направи преднос од седум голови 9:2, но ова не го обесхрабри македонскиот тим. До крајот на првото полувреме успеавме да ја намалиме разликата на четири голови 16:12.
Во вториот дел заигравме многу подобро и до 51 минута не само што успеавме да израмниме, туку и да поведеме со 27:26. Но, во следните два напади Французите преку Хансен, кој постигна два гола успеа да го врати водството и да го одржи до крајот на натпреварот.
Најефикасен во македонскиот тим беа Вугринец и Ѓеоргиевски со шест голови, додека Циндриќ и Миркуловски натпреварот го завршија со по 5 голови. Во победничкиот тим очекувано најефикасен беше Микел Хансен со осум голови.