
Стратегот на најтрофејниот македонски кошаркаски тим Работнички, Емил Рајковиќ не го криеше разочарувањето по поразот од Куманово (94:92) во четфртфиналето од Купот на Македонија.
“На самиот старт бевме хендикепирани со повредата на нашиот најдобар играч Соколов, имавме големи проблеми и со големиот број лични грешки и тоа што натпреварот отиде во продолжение не беше во наша корист. Мислам дека погрешивме со агресивноста како и скокот кој затаи во последните моменти кога се кршеше резултатот. Им се извинувам и на навивачите кој дојдоа овде да не бодрат, но ние за жал не можевме да победиме за нив” изјави Рајковиќ.