
И покрај бројните протести, во Зоолошката градина во Копенхаген утрово е усмртена здрава машка жирафа по име Мариус, по што е извршена обдукција на жирафата, чии остатоци ќе бидат употребени за исхрана на месојадните животни.
Управата соопштиле дека Мариус, кој бил стар 1,5 година, е усмртен плански, на основа на европското законодавство за планирано одгледување жирафи и други диви животни, кој што пропишува дозволен број припадници на одредени врсти на едно место.
Управата соопштила дека не можеле да ја прифатат понудата на другите зоолошки градови, меѓу кои и од Шведска и Велика Британија, за преземање на популарниот Мариус, бидејќи тој припаѓал на подвид жирафи кои не може да се мешаат со присутните во тие зоолошки.