Европската унија може да испрати уште војници во Босна и Херцеговина во случај на ескалација на насилството во земјата. Тоа го изјави во неделата високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина Валентин Инцко, пренесе „АФП“.
Според австрискиот дипломат земјата го преживува најтешкиот момент од крајот на војната во 90-тите години на 20 век.
„Во случај на ескалација на ситуацијата, можеби треба да размислиме за испраќање на војници на ЕУ“, предупреди тој, додавајќи дека засега таква мерка не е неопходна.
Околу 600 војници се распоредени во Босна и Херцеговина во рамките на операцијата „ЕУФОР-Алтеа“, што се спроведува со мандатот на ОН.