
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска престојува во Тирана, каде ќе присуствува на средбата на министрите за транспорт на државите во југоисточна Европа (ЈИЕ).
На средбата е предвидено да се разговара за тековните и планираните инфраструктурни проекти и активности во делот на транспортот и комуникациите, кои се од значење за земјите во регионот.