
Новата, втора по ред, рунда од мировните преговори на претставниците на Сириската влада и опозицијата денеска би требало да започне во Женева, најави британски „Би-Би-Си“.
Првата рунда преговори заврши минатиот месец без јасен договор, додека двете страни „тргуваа со тешки зборови“, иако посредникот на Обединетите нации во мировните преговори, Лахдар Брахими, оценил дека е постигнат „некој заеднички именител“.
Официјална делегација на владата на Сирија допатувала синоќа во Женева и се очекува доаѓањето на делегацијата на Националната коалиција на опозиционите и револуционерни сили на Сирија.
Составот на преговарачите во втората рунда е непроменет, на чело на владината делегација на шефот на сириската дипломатија, Валид Мулаем, во име на Коалицијата настапува нивниот лидер Ахмет ал Џарба, а преговарачи се и Башар Џафери и членот на раководството на Коалицијата, Хади ал Бахр.
Претходната рунда преговори во Швајцарија, во рамки на меѓународната конференција „Женева-2“, траеше осум дена и заврши на 31-ви јануари без јасни резултати.