
Австрискиот дневник „Пресе“ објави анализа за состојбата во Хрватска по влезот во Европската унија под наслов „Наместо раст, уште подлабока криза“.
„Серијата лоши вести за Хрватска не преставуваат и оваа година. Зголемениот број невработени, големите долго долгорочно лошата перспектива покажуваат дека влезот на земјата во Унијата не се исплатеше“, констатира весникот, нагласувајќи дека посебно е проблематична невработеноста меѓу младите.
„Без славење и големи очекувања Хрватите влегоа во ЕУ“, пишува „Пресе“, додавајќи дека државата веќе шест години се соочува со криза, а влезот во ЕУ засега и’ донесе само продолжување на кризата.
Во Хрватска изостанаа и големите странски инвестиции какви што во 2004-та година по влезот во ЕУ доживеаја Словачка и Полска, а отежнат е извозот на пазарите на Србија и Босна и Херцеговина.