
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески утре ќе оствари работна посета на општина Гевгелија.
Во рамките на посетата, заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов, предвидено е министерот Јанакиески да присуствува на пуштање во употреба на канализациската мрежа во Прдејци, а потоа ќе ги посети на градежните активности на патниот правец Негорци-Серменин.