
Околу 100 лица се собрале пред зградата на претседателството, колективен висок орган на извршната власт на Босна и Херцеговина во Сараево, објавија „ИТАР-ТАСС“.
Полицијата упатила предупредување кон демонстрантите дека нема да им биде дозволено да го попречуваат движењето на транспортот по улицата.
Главното барање на демонстрантите е оставката на премиерот Нермин Никшиќ и федералните власти .
За втората половина на денот се планирани митинзи и во голем број други градови на земјата.