
Минатата година очигледно е година на хрватскиот ракометар Домагој Дувњак. Тој е избран и за ракометна личност на 2013 година во изборот на специјализираниот ракометен портал “Хандбал Планет“.
Оваа година изборот го изврши строго селектирано и максимално почитувано жири составено од 23 члена, меѓу кои имаше врвни активни ракометари, поранешни ракометни легенди, тренери и селектори, новинари…
Последниот член на жирито беа ракометните фанови од целиот свет, кои со своите гласови го помогнаа изборот.
Номинирани беа15. личности, меѓу кои имаше врвни ракометни имиња, тренери, ракометни функционери и организации.
Дувњак ја понесе ласкавата титула со вкупниот збир на гласовите на жирито и на ракометните фанови, пред второпласираниот Мортен Шубак, селектор на женската репрезентација на Бразил, и третопласираниот Валеро Ривера, поранешен селектор на Шпанија, а сега на Катар.