
Со голема забава и учество на мноштво локални, регионални и национални радио-станиците од градот и Републиката а во организација на Радио Слободна Македонија денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на радиото.
Меѓу многубројните учесници, музичари, стенд-ап комичари, водители, новинари, културни и јавни личности…, програмата ќе ја збогатат и водечките имиња од домашната забавно-музичка сцена: Бени Шаќири, Кристина Арнаудова, Роберт Билбилов, Влатко Илиевски, Александар Белов, Јоце Панов, Тајзи, Future INC, Пеперминт, Дарко Илиевски, Сара Мејс, Димитар Андоновски, Либеро бенд и Ај Кју.
Настанот ќе се одржи на скопско Сајмиште (хала 5), организира музичко-сценски хепенинг, а ќе почне во 19 часот. Влезот на хепенингот е бесплатен, а поканети се сите вљубеници во радиото и добрата музика.
Настанот започнува со диџеј-сетовите на DJ Блек и DJ Горан Алавук од Радио Слободна Македонија, додека крајот е резервиран за сетот на меѓународно познатата и популарна македонска диџејка Марга Сол.