
Поранешниот репрезентативец на Португалија, Луис Фиго најпосле ја откри вистинската причина поради која си заминал од редовите на каталонскиот гигант Барселона и ја прифатил понудата на најголемиот ривал од шпанската Примера дивизион, Реал (М).
„Немав добар однос со челниците на Барселона, не ме третираа како што треба. Многу ме налутија. Иако помина многу време, јас и понатаму сум лут и разочаран. Бев многу лут на клупските челници, добив чуство дека не ме ценат, дека не го ценат тоа што го правев на фудбалскиот терен. Знаев колку ме посакува претседателот на Реал (М), Флорентино Перез. Не знам што се случи на “Ноу Камп”, не добив објаснување зошто сум преселен на клупата за резервни фудбалери. Тоа ме повреди”, изјави легендарниот репрезентативец на Португалија.