
Поставувањето на Јон Фрчковски, син на Љубомир Данаилов Фрчковски, за претседател на СДММ на Центар предизвика лавина незадоволство пред се’ кај симпатизери и членови на СДСМ, кои во овој чекор видоа продолжување на непотизмот и отпор кон зачленување и внесување на млади и прогресивни сили во партијата.
Веста дека Јон Фрчкоски е избран на функцијата ја пренесоа речиси сите медиуми блиски до СДСМ, вклучително и порталот Либертас, каде пак како новинар сработи естрата на Јон, Лени Фрчкоска, односно токму во порталот на Ацо Кабранов, кој е кумашин со Фрчкоски. Инаку, порталот Либертас е сопственост на Здружениеto на граѓани Про Либерти, основано од Кабранов и од Фрчковски.
Од толку чест што му направија на синот на Фрчкоски, дури и претседателот на партијата Зоран Заев лично присуствувал на именувањето, кој побрзал да му честита на Јон за новата функција. Според коментарите на социјалните мрежи, пренесувањето и наследувањето на функциите од татко на дете во СДСМ не престануваат.
Љубомир Фрчковски беше претседателски кандидат на СДСМ на последните претседателски избори, како и министер во повеќе ресори во владите на СДСМ.