Тимот на Грен Хил подобри од тимот на Крис Вебер

Првата вечер на НБА Ол -стар викендот во Њу Орленс го одбележаа пресметката на најдобрите руки (играчи кои прав сезона се натпреваруваат во лигата), победата ја однесоа момците од тинот на Грен Хил, кој беа подобри од екипта на Крис Вебер со 142:136. Поради повредата, во тимот на Хил не настапи, нашиот Перо Антиќ.

Мечот го одбележа Андре Драмонд кој доминираше во рекетот со 30 поени и 25 скока, додека феноменална шутерска пресметка имаа Дион Вејтерс (31 поен) и Тим Хардавеј Јуниор (36 поени).
Титулата МВП, очекувано ја доби Драмонд кој со 25 скока го собори рекордот на Ол -стар мечот од 2010 година кога Блер имаше 23 скока. Младите НБА ѕвезди понудија дури 118 забивања, 33 тројки, 14 блокадри и неизвесна борба до последната минута.

Покрај Драмонд и Вејтерс, во тимот на Грент Хил, со двоцифрен ефект беа и Бредли Бил со 21 поен, Харисон Барнс со 16, Теренс Џонс со 14 и Демијал Лилард со 13 поени.

Хардавеј, пак, во тимот на Крис Вебер, најдобро го следеше Мејсон Пламли со 20 поени, а 17 поени дополни Мајкл Картер-Вилијамс.

Ол -стар викендот претходно стартуваше со дуелот на познатите личности, на кој славните од Истокот ги надиграа славните од Западот со 60:56.

На мечнот на познатите личности учествуваа комичарот Кевин Харт, инаку двократен МВП на Ол -стар викендот, манекенката Ерин Хитертон, водителот Ник Кенон, раперот Снуп Дог, радио водителот Мајк Голич, актерите Џеси Вилијамс, Колумбус Шорт, политичарот Арн Данкан, трикратниот НБА шампион Брус Бовен …