
Црногорската полиција поставила барикади во центарот на Подгорица, а за сообраќај се затворени улиците во кои се наоѓа Владата и вишиот суд, јавуваат црногорските медиуми.
Во црногорската престолнина е забележано зголемено присуство на полицијата, иако во градот не се забележани поголеми собири на граѓани.
Од спроти зградата на Собранието на Црна Гора е забележана помала група на луѓе. Тие изјавиле дека денеска никој не се појавил бидејќи луѓето се исплашени од вчерашните настани.