
Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 36 решенија против 36 вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето.
Притоа, на 23 вработени им е изречена мерка „парична казна“ на четворица вработени мерка „запирање на постапката“, на шестмина вработени им се изречени мерки „писмено предупредување“, на двајца вработени мерка „распоредување степен пониско“, и на еден вработен мерка „условно откажување на договорот за вработување“.