
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром претрпеа убедлив пораз на гостувањето кај словеченка Крка во рамките на 20. колово АБА лига со 73:50. Избраниците на тренерот Зоран Мартич, одиграа лош меч како во одбраната така и во нападот и го забележаа 11. пораз.
Екипата на Крка ги доби сите четири периоди, а во однос на МЗТ Скопје беа подобри при ударите за два и за три поени, остварија повеќе скокови (39:33) и асистенции (18:9), додека имаа помалку загубени топки (11:16).
Најефикасни во составот на Крка беа Буљан со 15, Муриќ со 13, Бечировиќ и Лапорник со по 11 поени.
Во тимот на МЗТ Скопје Александар Цветковиќ со 11 коша беше единствениот кој имаше двоцифрен број на поени на овој меч. Кирил Николовски, Урош Лучиќ и Иван Маринковиќ постигнаа по 9 поени.
Следниот меч од АБА лигата екипата на МЗТ Скопје Аеродром го игра на домашен терен во сабота со почеток од 19.00ч, а за противник го има тимот на Задар.