
Бензинската пумпа „Мак Оил“ на улицата Антон Попов во скопската населба Ченто, рано утрово, била мета на арамии.
Утрово околу 3,40 часот, како што наведува МВР, две непознати маскирани и вооружени лица извршиле разбојништво над вработениот во бензинската пумпа. Тие успеале со плен од околу 100.000 денари веднаш да го напуштат местото.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.