
Црногорската полицијата вчера се судри со демонстрантите, кои се обиделе да го пробијат полицискиот кордон поставен кај зградата на владата во Подгорица.
Демонстрантите кон полицијата фрлале камења, а полицијата возвратила со солзавец. Во судирите се повредени двајца полицајци и десетина демонстранти, пренесуваат тамошните медиуми.
Полицијата привела десетина демонстранти кои го одбиле барањето да го напуштат местото каде што протестирале.
Протестите ги организирала „Фејсбук“ групата „Револуција во Црна Гора- сите на улица“.
Групата ги повикала граѓаните да излезат на улиците и да побараат промена на власта, а најавија и блокада на главните сообраќајници во Подгорица.