Бесими во Брисел: Европската иднина на Македонија – перспективите и предизвиците

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, утре, е на работна посета во  Брисел каде ќе се обрати на Центарот за Европски политики, на тема „Европската иднина на Македонија – перспективите и предизвиците“.

Центарот за Европски политики е независна организација посветена на интеграциите во ЕУ и работи според најсовремените европски и глобални начини на водење политика со што обезбедува најбрзи и најквалитетни информации и анализи од ЕУ и глобалната политичка агенда.

Вицепремиерот Бесими на своето обраќање ќе се осврне на остварените реформи и предизвиците со кои се соочува Република Македонија на нејзиниот пат кон Европска Унија.

Во текот на посетата Вицепремиерот Бесими ќе се сретне и со директорката на Директоратот за проширување на Европската Комисија Александра Кас Грање како и со Известувачот за Република Македонија во Европскиот Парламент, Ричард Ховит.