
Најдобриот ракометар на македонскиот ракометен шампион РК Вардар, Тимур Дибиров, го продолжи договорот со црвено-црните до 2020 година.
Договорите со Вардар ги продолжија и Алем Тоскиќ, потпишувајќи нов двегодишен договор (на 1+1 година), како и Илија Абутовиќ и Игор Карачиќ кои ќе бидат црвено-црни до 2017 и Страхиња Милиќ до 2019 година.
Во женскиот тим на Вардар уште две години ќе останат Андсреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ, Маја Зебиќ, Алисон Пино, Амандин Лејно и Сираба Дембеле. Голманката Ина Суслина го продолжи договрот до 2018 година. Нов договор со траење до 2017 година потпиша и Татјана Хмирова.
Од следната сезона женскиот тим на Вардар ќе биде засилен и со уште две ракометарки Хрватката Андреа Пенезиќ, која потпиша на една година со можност за продолжување и Словенката Барбара Лазовиќ, која се обвраз на две години со можност за продлжување на уште една година.