Mаскирани разбојници нападаа и ограбија тетовец.
Тројца маскирани разбојници денеска провалија во домот на 39-годишниот И.Д., соопшти Министерството за внатрешни работи.
Насилниците прво со тврд предмет го нападнале домаќинот, нанесувајќи му видливи повреди, а потоа одземале околу 5.000 евра и поголема количина на златен накит.
Со богатиот плен тие избегале во непознат правец, но тетовската полиција работи на нивно пронаоѓање.