
Во текот на неделава почнува монтирањето на 50 снимачи и 15 камери во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, пренесува Канал 5.
За нивната набавка ЈСП склучи договор со фирмата „Кенткарт“ од Турција вреден околу 45.200 евра.
Целта на набавката и монтажата на системот за видеонадзор и снимање е да се зголеми безбедноста во автобусите.
Тие на МВР ќе им бидат од помош во случај ако се повторат инцидентите, односно тепачките меѓу средношколците во возилата.