
Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал нема да биде дел од остатокот од Олимпските Игри во Сочи, откако самиот реши да не настапува на преостанатите трки во алпско скијање.
„Ова е момент од кој нема враќање. Свиндал не се чувствува најдобро, свесен е дека целосно потфрли и реши да си замине од Сочи. Погледите ќе ги насочи кон остатокот од сезоната во Светскиот куп“ , изјави тренерот на Свиндал, Хавард Тјорхом.
Норвешкиот скијач освои три медали на ЗОИ во Ванкувер пред четири години, но во Сочи заврши на четвртото место во спуст, беше осмопласиран во суперкомбинација, додека трката во супервелеслалом ја заврши на седмата позиција.