
Комисиите за одбрана и безбедност и за транспорт, врски и екологија денеска ќе одржат седници во Собранието.
На седницата на комисијата за одбрана и безбедност ќе се расправа по предлог-одлуките за испраќање припадници на АРМ за учество во мировната операција на Европската унија во Босна и Херцеговина ЕУФОР-АЛТЕА и за учество во мировната операција во Авганистан, во состав на меѓународните сили за безбедносна поддршка на Авганистан-ИСАФ.
Предлог одлуката за одобрување на Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2014 година, Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2014 година, Предлог-одлуките за давање согласност на Предлогот на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2014 година и за давање согласност на Предлогот на Годишниот финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2014 година, како и за користење на средствата од концесискиот надоместок за користење на аеродромите во Република Македонија за 2013 година, се на дневниот ред на комисијата за транспорт, врски и екологија.
На првото продолжение на 80-та седница, комисијата, како што е најавено, ќе расправа и по Годишниот финансиски план на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2014 година.