Лош пријател: И ја украл картичката и три месеци ги трошел нејзините пари

Полициската станица Делчево поднесе кривична пријава против 35-годишниот Г.И. од Македонска Каменица, за сторено кривично дело „кражба“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Во периодот од 01.10.2013 до 24.01.2014 година, во Делчево, пријавениот украл од неговата пријателка виза електронска картичка при што во повеќе наврати неовластено ја користел и од банкомати во Делчево подигнал 56.100 денари и провизија на истите 1.167 денари.