
На денешното мени во Нетпрес се најде пилешки паприкаш, но на поинаков начин, и секогаш неодоливите крофни.
Потребни состојки
2 парчиња пилешки гради без коски и кожа
150 гр димена сува сланина
2-3 лажици масло
10 до 12 големи лути пиперки
1 голема главица кромид
2 чешниња лук
1 голема морков
1 конзерва од 800 мл исечкан домат
Зачини
Неколку гранчиња мајчина душица
3-4 лажици пикантно лут ајвар
На врв од нож лута мелена пиперка
150 мл суво бело вино
Сечкан магдонос
Свежо мелен бибер
1 лажица мелена димена црвена пиперка
Подготовка
Пилешките гради исечкајте ги на коцки и маринирајте ги со зачини за пилешко или други суви зачини и оставете ги настрана додека се подготвува останатиот зеленчук.
Во длабоко тенџере ставете масло, додајте ја димената сува сланина исечена на коцки и пилешкото и пржете додека не порумени од сите страни, а сланината пушти мрснотија. Извадете го месото од тенџерот, поклопете го и ставете го на страна.
Ако имате премногу маснотија во тенџерото, извадете малку и ставете настрана, додајте ситно исечкан кромид, цело чешне лук и ситно исечкан морков и пиперка, која претходно сте ја измиле и исчистиле од семки и жили. Намалете го огнот и пржете се’ заедно, повремено мешајте околу десетина минути, додека пиперката и кромидот не омекнат.
Вратете го пилешкото и сланината во тенџерето, заедно со соковите кои ги испуштиле, додајте гранчиња мајчина душица, бело вино, суви зачини, мелена димена пиперка, ајвар, лута мелена пиперка, свежо мелен бибер и динстајте се’ заедно неколку минути и на крајот додајте домати.
Поклопете и динстајте на тивок оган околу 45 минути. На крајот пробајте како е со зачини и додајте што недостига според вашиот вкус, извадете ги гранчињата мајчина душица и испрскајте со сечкан магдонос.
Крофни
Состојки
50 дк брашно
4 дк квасец
¼ млако млеко
5 дк шеќер
2 лажици масло
2 жолчки
Половина лажичка сол
Малку кора од лимон
1 л масло
Подготовка
Ставете го брашното во сад, одмрзнете го квасецот, додајте го млекото и шеќерот и оставете го да нарасне 15 минути. На нараснатото тесто додајте ги останатите состојки. Замесете го повторно и оставете го да нараснува уште половина час. Размесете 2 см дебела кора и потоа со чаша сечете кругови. Загрејте масло и ставете ги крофните да се пржат.
Пријатен апетит!