
Во судирите на тајландската полиција и демонстрантите во Бангкок загинаа три лица, меѓу кои и еден полицаец, 60 лица се повредени, додека стотина лица се уапсени.
Тамошната полиција денеска започна голема акција со цел да ги неутрализира демонстрантите кои протестираат од ноември минатата година, а под блокада ја држат владината зграда како и неколку места во централниот и северниот дел на престолнината.
Според податоците на полицијата и медицинскиот персонал, загинал еден цивил, кој е застрелан во глава, како и еден полицаец кој е погоден во градите.
Се’ уште не е јасно која е третата жртва.
Во акцијата учествувале околу 15.000 полицајци, а демонстрантите бараат оставка од премиерката. Полицијата засега ги растерала демонстрантите од едно од вкупно пет места кои што ги зазеле.