Плоштадот на Независноста во Киев утрово е во пламен, по жестоките судири на полицијата и демонстрантите во кои, според последните извештаи, има најмалку 25 жртви.
Меѓу жртвите има и девет полицајци, а како што пренесува „Раша тудеј“, сите се убиени од огнено оружје.
Во центарот на Киев синоќа избија нови судири меѓу демонстрантите и полицијата. Демонстрантите палат гуми и фрлаат молотови коктели на припадниците на полицијата, додека силите за безбедност го возвраќаат шокот со бомби и гумени куршуми, во обид да ги растераат демонстрантите.
Како што пренесуваат светските медиуми, синоќа не е постигнат договор меѓу украинскиот претседател Виктор Јанукович и лидерите на опозицијата. Виталиј Кличко изјавил дека разговарал со украинскиот претседател, кој му пренел дека нема да ги повлече силите за безбедност од плоштадот.
Болниците во Киев, како што информираат тамошните медиуми, не се во состојба да се изборат со се’ поголемиот број на повредени луѓе кои доаѓаат од улиците.