
Американскиот скијач Тед Лигети втор пат во кариерата го освои олимпиското злато во велеслалом. Тој првата титула во оваа дисциплина ја освои пртед осум години во Торино (2006 ), а на Игрирте во Сочи, повторно имаше најдобро време. Американецот патеката ја мина за 2:45.29 минути. Второто и третото место им припадна на Французите Стив Мислје, кој го осови сребрениот, а бронзата му припадна на Алекси Пантиро.