
Комесарот на Европската комисија, Штефан Филе е разочаран од резултатите од разговорите со лидерите на седумте највлијателни политички партии во Босна и Херцеговина, одлучил да го заврши својот ангажман во спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во предметот Сејдиќ-Финци.
„Време е инситутциите на БиХ тоа да го преземат на себе и да го решат проблемот“, вели Филе и додава дека спроведувањето на пресудата е клуч за напредок на БиХ кон членство во Европската Унија, но и заштита на правата на граѓаните на БиХ.