
Едвард Сноуден е избран за ректор на универзитетот во Глазгов, Шкотска, јави „Би-Би-Си“.
Сноуден успева да добие повеќе гласови од другите тројца кандидати за позицијата, поранешниот велосипедист Греам Обри, писателот Алан Бисет и локалниот свештеник.
Локалните медиуми сепак соопштуваат дека учениците се поделени во врска со Сноуден и неговото место во управата на високообразовната институција. Според негативно расположение на универзитетот е потребен ректор, кој ќе работи на своето место, што го исклучува Сноуден како опција. Затоа, велат тие, тој би можел да биде удостоен со почесно признание, но не и со позицијата ректор.
На универзитетот во Глазгов претходно ректори биле Вини Мандела и израелскиот нуклеарен специјалист Мордехај Вануну.