Голманот на Баерн (М), Маниел Ноер по натпреварот против Арсенал откри како го одбранил ударот од белата точка на неговиот сонародник, Месут Озил.
“Најважно од се е како противничкиот фудбалер трчка кон топката. Озил е фудбалер кој пред да го изведи ударот одлучува на која страна ќе го упати ударот. Јас имав трпение, го чекав, знаев дека не е толку сигурен дека пред да шутне ќе одлучи каде ќе упати удар. На крајот упати удар точно во средината и јас имав доволно време за да направам интервенција”, изјави репрезентативецот на Германија.