
Ракометниот шампион на Белорусија, Динамо (Минск) е во голема финансискакриза и му се заканува банкрот и откажување од сите натпреварувања
Чекаме одговор од спонзорите . Ако дадат пари ќе постоиме , ако не нема. Се ќе биде познато наредната недела , изјави директорот на клубот Михаил Мајевски.
Тимот на Динамо ( Минск) е дел од Лигата на шампионите и се натпреварувава во Ц – група каде исто така настапуваат и македонските тимови Вардар и Металург. Во претпоследното коло на домашен терен одиграа нерешено – 23:23 со Металург, но немаат никакви шанси да се пласираат во Топ 16 фазата на ова елитно натпреварување.
Тие се напеетото место на табелата со пет бодови, а викендов го игртаат последниот натпревар против Вакер Тун.