
Убавицата од Барбадос вчера го прослави својот 26 роденден, но забавата на контроверзната Ријана траеше неколку дена, со пријателите, и секако со многу алкохол.
Познатата пејачка родум од сончевиот и егзотичен осторв својот роденден го дочека на снежниот Аспен во луксузна вила.
Пејачката се појави како слатко и невино девојче, но како што растеше нејзината слава, растеа и нејзините апетити да провоцира и да биде во центар на вниманието. Скандалите ја пратат мегапопуларната Рири постојано, а на неа тоа како да и годи.
Во чест на нејзиниот роденден, погледнете ги овие 26 фотографии од најдобрите моменти на Рири која постојано е на социјалните мрежи и ги чести своите обожаватели со сочни фотки и информации.