
Француската полиција денеска заплени рекордна количина на 1,4 тони кокаин во француското пристаниште Авр и разби меѓународен круг на шверц со дрога.
Според наводите на неименуван извор од полицијата, најмалку едно лице е уапсено по рација, која што била спроведена вчера по „долга и детална истрага“.
Француската полиција претходно во септември заплени 1,3 тони кокаин сокриен во 30 куфери на летот на Ерфранс од Венецуела кога биле уапсени повеќе од 20 лица.