Њујорк загуби по две продолженија од Орландо

Тимот на Орландо Меџик по две продолженија славеше над Њујорк со 129:121 по две продолженија во НБА лига, иако Кармело Ентони постигна 44 поени за Никси.

Најефикасен во победата на Орландо во дербито на Истокот беше Арон Афлало со 32 поени, но Виктор Оладипо беше на чекор од трипл-дабл, запишувајќи 30 поени, 9 скока и 14 асистенции.

Резултати: Орландо – Њујорк 129:121 (две пр.), Филаделфија – Далас 112:124, Торонто – Кливленд 98:91, Шарлот – Њу Орлеанс 98:91, Детроит – Атланта 115:107, Мемфис – ЛА Клиперс 102:96, Чикаго – Денвер 117:89. ЛА Лејкерс – Бостон 101:92, Портланд – Јута 102:94, Феникс – Сан Антонио 108:85