
На 22.02.2014 година околу 13,45 часот во Скопје ул.„Методија Митевски“бб, поточно пред влезот на ОУ„Рајко Жинзифов“, засега непознат сторител извршил разбојништво над Б.З.(1966) од Скопје, на тој начин што откако и пришол од зад грб, ја удрил со тупаница во пределот на лицето, од вратот и го искинал и одазел златното ланче, а потоа го напуштил лице местото.
Со разбојништвото сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 18.000 денари.Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.