
Околу 300 илјади жители на Германија влегуваат во групата на патолошки коцкари, од кои 75 отсто од нив се зависни од автомати за коцкање, а вкупно годишно трошат повеќе од четири милијарди евра.
Освен автомати, други два најопасни облика на игри на среќи се обложувалниците и он-лајн покер.
Популарноста на автоматите има свое психолошко објаснување. Колку е пократок периодот меѓу игрите и резултатите, тоа е поголем потенцијал за зависност, наведуваат психолозите.
Полицијата предупредува дека разговорите со зависниците од игри на среќи личат на разговори со нарко зависници и се „вртат“ околу вплетканост во криминал, бидејќи се’ повеќе зависници до пари доаѓаат илегално, најчесто со крадење.