
Заводот за статистика на Словенија соопшти дека стапката на невработеност во декември минатата година изнесува 13,5 отсто, што е за 0,5 отсто повеќе одошто но ноември.
Истиот извор наведува дека невработеноста меѓу мажите изнесува 13 отсто, а меѓу жените 14,2 отсто.
Стапката на невработеност во декември во однос на ноември минатата година пораснала во сите дејности, а најмногу во градежништвото, каде без работа останале 3.700 лица.
Исто така, невработеноста пораснала во сите старосни категории, а најмногу меѓу младите од 15 до 24 години, каде за еден месец тој пораст бил од 32,4 на 33,8 отсто.