
Западните сили и Русија расправаат за прашањето со кризата во Украина, додека претставник на ЕУ се подготвува да замине за Киев, за да ги поддржи новите лидери таму, пренесе „АФП“.
Гневот на Русија по повод драстичната промена на политичкиот курс во Украина и прогонот на претседателот Виктор Јанукович, по една недела на крвави протести, настапи преку замрзнување на украинскиот долг од 15 милијарди долари и повикување на рускиот амбасадор од Киев за консултации.
САД и Велика Британија го предупредија рускиот претседател Владимир Путин, кој ја смета Украина за важен дел од своите планови за економска и воена противтежа на Западот, дури и да не размислува за употреба на сила, за да го врати своето влијание над земјата.