
Познатиот диктатор Наполеон Бонапарта еднаш има кажано дека армијата маршира преку стомакот, но кој би знаел дека војниците ширум светот додека се на воено поле за ручек имаат деликатеси како и дома. Дали знаевте дека британските војници во своите залихи за ручек имаат и Табаско сос, а италијанските имаат и чашка алкохол?
Во своите војнички ранци, трупите имаат најразлична храна, како конзервирани, замрзанати или зготвени обороци доволно за да издржат 24 часа. Во подготовката на овие оброци се вклучени многу пари, време и најразлични обиди за да таа и покрај пакување биде вкусна и топла.
Па, иако се далеку од дома, британски војници можат да уживаат во вкусни пилешки специјалитети и јако кафе, а Французите имаат и мало шише вино и вкусна паштета од патка.
Погледнете што е на дневното мени на војниците ширум светот:
Британска армија: пилешко, вегетраијанска паста, чај, бисквити со џем и бонбони
Италијанска армија: Алкохол, салата со ориз, супа, енергетско чоколатце и овошна салата
Француска армија: Свински специјалитет, рибја супа, чоколаден пудинг, како и мал уред за топлење на храната
Американска армија: Путер од кикирики, јаболко, овошен пунч, брусница
Германска армија: Колбаси, бисквити, гулаш со компири и џем од кајсии и јагоди
Австралиска армија: стек, ќофтиња, паста со туна,сосови и џем