Наполи и подари бод на Џенова

Уште еден голем кикс на своето конто запиша моментално третопласираниот тим во италијанската Серија А, Наполи.
Домашниот терен не се покажа како доволна предност за избраниците на Рафа Бенитез кои иако најавија сигурен триумф во првенствениот натпревар од 25. коло на крајот мораа да се задоволат со само еден освоен бод во дуелот против секогаш незгодниот тим на Џенова.

Наполи дојде во водство со прекрасниот погодок на Гонзало Игуаин, а на 1:1 во 84 минута израми поранешниот напаѓач на “азурите”, Емануеле Калаио.

Последните пет минути од натпреварот ги одигра поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев.
Без победник, 2:2, заврши првенствената пресметка помеѓу екипите на Парма и Фиорентина, а поради груба игра и неспортско однесување, црвени картони заработија фудбалерите на Фиорентина, Борха Балеро и Модибо Диаките и играчот за врска на Парма, Џиани Мунари.