Од домот на скопјанец запленети дрога, оружје и куршуми

Поголемо количество на оружје и муниција, како и две пакувања со дрога, заплени полицијата од домот на скопјанец.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера при претрес на домот на 32-годишниот Љ.И. одзема поголемо количество на муниција, оружје и дрога.

Од полицијата информираат дека се запленети две пакувања со непозната бела прашкаста материја, извесна количина непозната зелена тревкаста материја, електронска вага, 60 куршуми калибар 7,62 милиметри, ловечка пушка со 13 куршуми калибар 16 милиметри, два панцирни елеци, еден куршум со калибар 12,7 милиметри, дваесетина испукани патрони и чаури и службена полициска легитимација.

Љ.И. е приведен и задржан и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.