
Фотографот Чедомир Ненковиќ починал синоќа во Скопје, јави Република.
Ненковиќ беше роден на 9 септември 1958 година. Во својата богата кариера работеше во дневниот весник „Вечер”, во „Дневник” беше уредник на фотографија, а работеше и како дописник на новинската агенција „Танјуг”.
Погребот е денеска во градските гробишта во Бутел