
Премиерот на Перу, Сесар Вилјануева поднел оставка, соопштува „ИТАР-ТАСС“.
Оставката на раководителот на перуанската Влада била прифатена од претседателот Олјанта Умала.
Според податоците на локалните медиуми причина за оставката на Вилјануева е скандалот со зголемувањето на минималната плата во земјата. Премиерот најави дека е псотигната согласност за тоа прашање со министерот за финансии Луис Мигел Кастилија, но Кастилија ги негираше неговите тврдења.