
Две неексплодирани гранати се пронајдени вчера во битолско.
Вчера,во битолското село Новаци пронајдена е една неексплодирана артилериска граната кал.75 мм со потекло од Прва светска војна.
Истиот ден во 15.30 часот во битолското село Логоварди пронајдена е уште една неексплодирана артилериска граната кал.75 мм со потекло од Прва светска војна. Гранатите се безбедно подигната.