
Министерот за одбрана на САД, Чак Хејгл повика да бидат почитувани територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина, како и да не се превземаат чекори што можат да бидат погрешно интерпретирани, пренесе „Ројтерс“.
„Внимателно ги следам за движењата на вооружените сили на Русија во близина на украинската граница. Очекувам дека Русија ќе обезбеди транспарентност на овие дејствија. Повикувам во овој деликатен момент, кога постои сериозно нарушување на мирот, кон воздржување од чекори, што можат да бидат погрешно интерпретирани“, изјави Хејгл на прес-конференција во Брисел.